ФК „Љубанци“ Кавадарци загуби на домашен терен од ФК „Скопје“'
15-08-2016 СПОРТ

Градски стадион Кавадарци - гледачи 700
Судии: Т.Митревски , Т.Чагоровски , З.Лозаноски (сите од Битола)
Делегат : Ј.Попоски (Охрид)
Стрелци : Делов 29 мин (Љ) - Али 26 мин , Десниќ 63 мин (С)
Жолти картони: Лазарев , Симонов (Љ) - Стевковски , Алексовски , Настевски , Ѓурчиновски (С) - Црвен Картон: Ѓурчиновски (С) (74 мин втор жолт)


ЉУБАНЦИ : Гелов, Вареловски, Станоев (75 Тасевски), Лазарев, Делов, Ристов, Ризов, Јанакиевски, Илов, Стојановски (54 Симонов), Дуков
СКОПЈЕ: Стевковски, Ужевски, Новески, Терзиев (77 Николов), Алексовски, Десниќ, Смоковски, Али (70 Белули),Ѓурчиновски, Пецов, Настевски

 


По долгогодишна пауза второлигашкиот фудбал се врати во Кавадарци. Играта на судбината сакаше сезонава Кавадарчани да настапуваат под името Љубанци 1974 според името на клубот чие место го превзедоа во втората лига. Враќањето во ова конкуренција сепак не помина според предвиденото бидејки кавадарчани на стартот пред своја публика доживеаја пораз од екипата на Скопје со 1:2 и тоа пред се заради грешки во сопствената одбрана.

 


Домашните фудбалери ја контролираа играта на стартот на натпреварот пред се заради згуснатиот среден ред но несватливо е да се игра на домашен терен само со еден шпиц играч кој патем речено и не е тоа по вокација. Сепак Љубанци лесно доаѓаше до шеснаесетникот на противникот но тука одбраната на Скопје лесно се справуваше со сите опасности. Во 26 мин грешка на последните играчи на Љубанци кои не искоординираа со младиот и недоволно искусен голман Гелов. Нивниот судар и одбиената топка ја прифати Али и ја смести во небранетата мрежа. Но само по 3 минути игра беше досуден слободен удар за домакините само неколку метри во половината на Скопје. Одлично нафрлената топка ја искористи Делов кој скокна највисоко и со прецизен удар со глава го совлада гостинскиот голман и израмни на 1:1. До крајот на полувремето Љубанци пак ја превзеде контролата на играта но едноставно не знаеја како да ја поминат последната одбрамбена линија на Скопје чии фудбалери пак се обидуваа да ја прескокнат средината и со долги топки и брзи контри да сторат нешто повеке на половината на противникот но и кај нив изостана реализацијата.

 


Во второто полувреме идентична слика на теренот се до 51 минута кога идеалната можност за гостите не ја искористи Настевски. Во 63 мин беше досуден слободен удар за гостите откосо од 20 метри. На нафрлената топка на спротивната страмна не тргна домашниот голман кој остана на гол линијата а тоа го искористи Десниќ кој од 3-4 метри со глава постигна гол кој на крајот се испостави дека и го реши победникот. Во 74 мин во обидот да спречи контра на средината на теренот еден непромислен и непотребен фаул направи Ѓурчиновски за што заработи втор жолт картон и мораше предвреме да го заврши натпреварот. Домашните се обидоа да ја искористат играчката предност на теренот но нападите беа и премногу јалови се до последните 3-4 минути кога преку Симонов, Делов, Лазарев и Јанакиевски имаа можност да израмнат но голманот на гостите не им го дозволи тоа. Скопје имаше можност во овој финиш да стави крај на резултатот но по една брза контра Белули само го погоди дирекот.

 


На крајот гостите се радуваа на полниот плен а кавадарчани ке мора да ги отстранат брзо аномалиите кои се појавија на ова средба. Рака на срце тие доцна почнаа со подготовките не се доволно воиграни но исто така факт е дека Скопје си замина со бодовите пред се заради домашните грешки. Можеби имаше грешки и во тактичката поставеност и во преголемиот број на фудбалери на средината на теренот кои едноставно се гушеа и не можеа да се размавнат и покажат што знаат и умеат но токму овие пропусти мора брзо да се отстранат бидејки за 7 дена кавадарчани ги очекува соседското дерби во Неготино.

 

МИКИ ВИДЕНОВИЌ

Додади коментар