ФОТО-ВИДЕО: Изложбата на олд тајмери привлече повеќе генерации на едно место
07-09-2019 РЕГИОН

Изложбата на стари возила беше воведот во вториот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година. Градоначалникот Митко Јанчев меѓу првите ја посети традиционалната изложба на "олдтајмери".


На улицата „Илинденска“ (БИД зона) наредени четириесеттина возила од повеќе генерации. Меѓу нив моторцикл, џип, повеќе мерцедеси, возила на Застава популарните Фиќо и Југо, Опели, Фордови, BMW, популартната Буба, руски Москвич, НСУ Принц, а меѓу нив и познатото гевгелиско Рено 4 кое стигна до границите на Кина.


Посетителите имаа можност да го видат и најстарото возило на изложбата Опел од 1931 година, а се задржува и фотографираа пред црвениот американски Бјуик од 1952 година.

 

Додади коментар