Час по физичко со кошаркарите на „Фени“
23-04-2015 РЕГИОН

Повеќе од една декада спортот и спортските активности се дел од општествено одговорното делување на Фени Индустри. Освен очекуваните успеси и достигнувања на кошаркарскиот клуб Фени Индустри,  политиката за општествено одговорно делување и учество во образовните програми се неделив сегмент од стратегијата за континуиран развој и градење на бренд на кошаркарскиот клуб Фени Индустри.

Кошаркарите од кошаркарскиот клуб во соработка со еколошкото друштво „Тисовец“ денес го посетија подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Возарци. За  време на училишниот час по физичко образование учениците имаа можност да слушнат повеќе информациии и да постават прашања за кошарката како спортска дисциплина, професијата кошаркар, како и начинот на живот на еден професионален спортист. Освен теоретскиот дел, учениците од подрачното основоно училиште „Страшо Пинџур“ од Возарци имаа и можност да поиграат кошарка со своите кошаркарски херои.

„Ваквата соработка кошаркарскиот клуб Фени Индустри ќе ја продолжи и понатаму се со цел да го промовира спортот и да ги поттикне младите да се бават со спорт и спортски активности преку едукативни програми, можност истите да тренираат и да бидат дел од академијата на клубот, како и преку овозможување истите да присуствуваат на натпреварите во текот на првенството“ истакна Надица Ставрова, лице за односи со јавност во кошаркарскиот клуб Фени Индустри.

Додади коментар