Штетите од невремето на земјоделците ќе им ги покрие државата
29-05-2015 РЕГИОН

Државата ќе ги обесштети земјоделците кои се соочија со штети од поројните дождови со кои беше зафатена  општина Кавадарци. Во јануари,  февруари и март  наврнаа над 300 литри на метар квадратен, а тоа беше причина под вода да се најдат многу земјоделски површини и воидниот талог да направи големи штети. 

Вчера во МЗШВ се одржал состанок на кој присуствувале градоначалниците на општините кои беа најпогодени од невремето. На работната средба присуствуваше и градоначалникот Александар Панов. Тој информира дека сите што пријавиле штети ќе бидат обештетени, но претходно ќе се вршат дополнителни проценки на штетите.

„Во наредните неколку месеци ќе започне постапката за фиксно утрврдување на штетите кои ги имаат на своите земјоделски  посеви земјоделските производители од невремето во јануари и февруари. Потоа ќе започне  првата фаза на обесштетувањее. Општините Новаци, Могила,  Битола и дел од струмичките општини први ќе добијат обесштетување,  бидејќи беа најмногу погодени од невремето. Луѓето треба да бидат подготвени и да соработуваат со комисиите кои ќе вршат проценки,  за да може што попрецизно да се утврди вистинската штета. Прво ќе се обесштетуваат штетите во земјоделството, а потоа ќе се врши обесштетување на мостови, патишта, свлечишта, потпорни ѕидови, односно комунална инфраструктура“ рече Панов.

Од локалната самоуправа апелираат до сите земјоделци да ја искористат можноста да ги осигураат своите посеви од ризик при невреме, бидејќи на тој начин доколку се соочат со штети од невреме ќе добијат обесштетување од осигурителните компании.

 

Ангел Данов

Додади коментар