Јанчев прифаќа тв дуел
18-10-2017 РЕГИОН

 

 „Прифаќам тв дуел. Секој кандидат со чиста совест работи и поседува издржани аргументи и факти и треба да се соочи најпрво со граѓаните и кандидатот од спротивната страна“ - вака кандидатот за градоначалник Митко Јанчев одговори на поканата од неговиот против кандидат Бетиане Китев за телевизиско соочување.

 

                По барање на кандидатот за градоначалник од СДСМ,за тв дуел и соочување со кандидатот за градоначалник Митко Јанчев,сакаме да ги известиме граѓаните дека Митко Јанчев не се плаши од никакво соочување и тв дуел со спротивната страна - се вели во писменото обраќање до јавноста од изборниот штаб на Јанчев.

                

Секој кандидат кој со чиста совест работи и поседува издржани аргументи и факти треба да се соочи најпрво со граѓаните и со кандидатот од спротивната страна.

 Ве известуваме дека Митко Јанчев прифаќа тв дуел со кандидатот на СДСМ на било која телевизија која кандидатот од другата страна ќе ја предложи.

 

Секој кандидат треба да го превземе ризикот да се соочи .

                  Митко Јанчев  води позитивна кампања без притисоци и црни сценарија и не се плаши од никакво соочување и тв дуел.

 

                 Митко Јанчев е одговорен кон своите сограѓани и прифаќа тв дуел на било која телевизија - стои во известувањето од изборниот штаб на Јанчев.

Додади коментар