„Винотек“ ги додели наградите за најдобри вина и ракии
06-03-2015 РЕГИОН

Бронзени, сребрени и златни плакети додели здружението за негување на 

винската култура „Винотек“ од Кавадарци на синоќешната свеченост на најдобрите вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и оценувањето се одржа за време на празникот Свети Трифун од стручни лица од СОЗШУ „Ѓорче Петров“, кога со своите производи беа пријавени педесетина производители.

 

Златна плакета за најдобра ракија доби Златко Каракулев, за црвено вино Горан Јаковлевски, а за бело вино Горан Керов.

 

„Оваа пракса за негување на винската култура Винотек ќе ја продолжи и во наредниот период. Ќе реализираме активности кои се во таа насока. Интересот за дегустацијата годинава беше огромен,за што говорат и педесетината пријавени прозиводители на вина и ракии“ рече секретарот на здружението Панче Арсовски.

А.Данов



Додади коментар