„Летечкиот Македонец“ постави нов рекорд на Водно
20-05-2013 КУЛТУРА

Две минути, 11 секунди и 4 стотинки е новиот македонски рекорд на Игор Стефановски Иџе, кој го постави на вчерашната трка „Водно 2013“ со својот нов автомобил MITSUBISHI LANCER EVO IX.

stefanovski-rekord1-500

Со овој резултат Игор го собори претходниот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки и го освои првото место во конкуренција од 30 натпреварувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

Популарниот Иџе во првата трка оствари време од 2:14.97 минути додека во втората трка постави време од 2:11.04 со што ги исполни и своите, но и очекувањата на неговите фанови.

-Иако беше врнежливо, успешно се справив со мократа патека и мислам дека постигнав одличен резултат. Победив во генералниот пласман и во мојата Н група. Многу сум задоволен бидејќи го исполнив ветувањето. Сега сум подготвен за следните предизвици. Доколку нештата се одвиваат во најдобар ред, планираме пред Награда Малачке во Хрватска да настапиме на трка во Чешка од Европското првенство Ecce Homo Šternberk, изјави Стефановски по завршување на трката.

До крајот на овој месец на возилото ќе се извршат сите потребни ревизии и подготовки за следниот настап на Стефановски на ЕП Чешка кое ќе се одржи на први и втори јуни.

Додади коментар