„Танец“ ја воодушеви публиката во Шведска
21-05-2013 КУЛТУРА

Публиката  во Консертхусет во Шведска  синоќа со силни аплаузи  ги испрати од сцената 40-ината играорци и членови на „Танец“.

Со 70-минутен енергичен настап во познатата концертна сала на Стокхолм беше одбележан 20-годишниот јубилеј од дипломатските односи со Шведска.

Околу 700 гости во исполнетиот партер не останаа рамнодушни на македонскиот фолклор, кореографиите, вокалните и инструменталните изведби со кои се претстави македонскиот национален ансамбл.

Настапот почна со моќниот звук на тапанот, усогласен со прецизниот чекор во Тешкото, а продолжи со разиграност во ората Тресеница, Малешевка и Драчевка, на кои публиката на моменти и ракоплескаше во ритамот на музиката.

„ Прекрасно шоу, импресионирана сум од играчите, од убавите носии и прекрасното пеење. Многу сум задоволна што бев вечерва поканета“, рече градоначалничката на Стокхолм Маргарета Бјорк.

Курир.мк

Додади коментар