(ВИДЕО) Во Кавадарци денеска започна изградбата на нова детска градинка
26-02-2020 РЕГИОН

На планираната локација на улицата „Ресавска“, претставници на инвеститорот Министерството за труд и социјална политика и Општина Кавадарци, во присуство на надзорот и директорката на детската градинка „Рада Поцева“, денеска извршија воведување во работа на изведувачот на новиот објект од градинката.

 

Откако ќе се изгради, овој капитален проект треба да биде долгорочно решение на проблемот со недостиг на слободни места за приофаќање на децата од предучилошна возраст во градинката.

 

Со неговата изградба, како и со досегашните превземени активности на општината во доградба и проширување на постојните објекти, како и адаптирање на простор во селата за детски градинки, Општина Кавадарци, не само што ќе го надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на деца во градинката, туки и ќе прмине во водечка општина во републиката со оптимално решение на значаен и горлив социјален проблем.

 

Додади коментар