(ВИДЕО) Кавадаречката болница доби ново санитетско возило донација од ИГМ трејд
11-12-2017 РЕГИОН

 

Возниот парк на кавадаречката болница е збогатен со ново санитетско возило за транспорт на пациенти. Возилото марка Пежо опремено со потребната медицинска опрема е донација од кавадаречката компанија ИГМ Трејд и е во вредност од 33 илјади евра.

 

Директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Диме Коцев упати благодарност за донацијата и нагласи дека се работи за мошне значајна донација, бидејќи се надминува проблемот кој го имаше болницата за безбеден и брз транспорт на пациенти.

 

„Ова ново возило е од огромна важност за животот на пациентите за кои е потребен безбеден и брз транспорт до било која друга болница во земјава. Сакам да најавам и друга донација од ИГМ. Се работи за поголема донација. Комплетно оградување на дворот на болницата во должина од над 1000 метри со бетонски постамент и челична ограда заедно со изградба на нов модерен влез на болницата. Оваа инвестиција ќе изнесува околу 70 илјади евра. Така да вкупната донација со ова возило ќе ја надмине вредноста од 100 илјади евра. Со тоа компанијата ИГМ од Кавадарци на чело со Илија Гечев станува амбасадор на болницата во бизнис заедницата“ рече д-р Коцев и нагласи дека болницата имала донесено одлука неисправно возило да не се пушта во никој случај во сообраќај.

 

Сега возниот парк на болницата е во добра кондиција. Има три санитетски возила кои се во функција за транспорт на пациенти.

 

Ангел Данов

 

 

 

Додади коментар