(ВИДЕО) Кавадарци доби НВО центар
17-03-2017 РЕГИОН

Желбата на повеќе невладини организации кои делуваат во Кавадарци и регионот веќе се исполнува. Денеска на свеченост беше означен стартот со работа на нво центарот кој локалната самоуправа го реализира како проект во соработка со Вардарски плански регион и УСАИД.
Градоначалникот Александар Панов искажа задоволство од тоа што им се овозможува на невладините организации да имаат свој простор каде ќе ги работат своите активности.


Директорот на Вардарски плански регион, Марко Колев рече дека и во наредниот период ќе се реализират вакви и слични проекти, а потсети дека за лицата со инвалидност во Велес и Кавадарци веќе е во фукција и лифт.


Проектот за изградба на овој нво центар чинеше околу 70 илјади евра, а неговото опремување 800 илјади денари.


Претставниците на невладиниот сектор кои ќе го користат нво центарот искажаа голема благодарност до локалната самоуправа и Вардарски плански регион.


Веќе од понеделник граѓанскиот сектор ќе може да ги креира своите активности во нови простории.

 

A.Д

 

Додади коментар