(ВИДЕО) Кавадарци лидер во крводарувањето
17-03-2017 РЕГИОН

Синоќа во салата на општинското собрание во Кавадарци, општинската организација на Црвен Крст организираше свечена академија по повод 17 ти март денот на основањето на црвен крст во Р.Македонија и денот на крводарителството.

 

„Несомнено нашиот град е лидер во хуманоста.Неколку години по ред сме на врвот кога е во прашање крводарителството, а тоа само ни дава поттик и понатаму да работиме и бидеме успешни“ , вели во изјавата за медиумите претседателот на кавадаречкиот црвен крст Димитар Каракулев.


Почестени со награди беа 60 тина крводарители. Од нив четириесет добија признание за 4 пати дарувана крв во текот на една година. За 50 пати дарувана крв годинава награди им беа доделени на Мирко Црњеница, Сашо Јовков и Илија Газдаров.За 75 пати дарување наградени се Марјан Петровски и Панчо Мицев, а признанија добија и компаниите кои несебично соработуваат со црвениот крст.

 

Честитки до наградените односно до сите хумани од името на локалната самоуправа и советот упати претседателката на советот Горица Паливанова Вилхелм.


Награда односно признание за успешна работа денеска ќе добие и црвен крст Кавадарци.Делегација на општинската организација присуствува на свечената академија која по повод 17 ти март се одржува во Скопје.

 

Милица Младенова

 

Додади коментар