(ВИДЕО) Отворен саемот на книга во Кавадарци
01-11-2016 КУЛТУРА

Традиционално веке девета  година по ред,  библиотеката „Феткин“ од Кавадарци во рамките на месецот на книгата а годинава и во склоп на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“, го организира Саемот на книгата.

 

Синоќа на свеченото отварање имаше многу публика и заинтересирани граѓани од сите возрасти кои сакаа да ги посетат и да видат што тоа издавачките куќи имат да понудат на нивните штандови.

 

Сите вљубеници во пишаниот збор како и сите останати кои ке сакаат да го посетат саемот тоа ке можат да го сторат секој работен ден од 9 до 20 часот а книгите кои се продаваат се по саемски цени. Еве што во оваа пригода ни изјави директорката на градската библиотека Феткин – Трајанка Атанасова.

Мики Виденовиќ

 

 

Додади коментар