(ВИДЕО) Се реконструира патот Росоман -Сирково
20-03-2017 РЕГИОН

Интензивно се работи на патот Росоман село Сирково. На терен денеска излегоа градоначалникот Стојанче Лазов, надзорниот орган и изведувачот.

 

Се следеа работите, квалитетот на материјалот и интензитетот со кој се работи. Лазов е генерално задоволен и вели ако послужи времето за еден месец ќе биде целосно готов овој патен правец.

 

Изведувачот потврдува дека до крајот на оваа недела ќе биде завршено тампонирањето, следниот понеделник се продолжува со фаза на афалтирање.

 

М.М

 

 

 

Додади коментар