(ВИДЕО) Тодоров: Кавадаречката болница ќе стане мини ургентен центар
03-11-2016 РЕГИОН

Кавадаречката болница во наредниот период ќе стане мини ургентен центар, најави  министерот за здравство Никола Тодоров. Тој имаше работна средба со менаџментот на болницата. Во изјавата за медиумите нагласи дека се барале просторни услови за сместување на компјутерскиот томограф, но и за дополнителни оддели кои ќе бидат отворени.

 

Набавката на нова опрема е од големо значење за сите граѓани на Тиквешијата, рече Тодоров и со новите апарати ќе им се овозможи на жителите од овој крај дијагностички и други медицински услуги без да имаат потреба да патуваат во Скопје.

 

Директорот на болницата, д-р Орцо Ангеловски исто така информираше за работниот состанок и за значењето на новата опрема која во наредниот период државата ќе ја навави за кавадаречката болница.

А.Д

 

Додади коментар