(ВИДЕО) Петти еко квиз во Кавадарци
08-05-2019 РЕГИОН

Основците од Кавадарци денеска на еко квиз ги покажаа своите знаења од областа на екологијата. Се одржа петтиот еко квиз кој го организираат еколошкото друштво „Тисовец“ од село Возарци, компанијата „Еуроникел индустри“ со поддршка на локалната самоуправа. Организаторите истакнаа дека целта е да се покрене еколошката свест кај учениците и да се стекнат со нови знаења од областа на екологијата.

 

Од локалната самоуправа истакнуваат дека преку 2300 ученици во изминатите 5 години стекнале поголеми еколошки знаења, но и ги промениле старите навики кон животната средина.

 

„Овие квизови се од големо значење за општината и ќе ги поддржуваме овие настани за да ја подигнеме екологијата на повисоко ниво. Прво е потребно да ја подигнеме еколошката свест, и да придонесуваме за подобра животна средина“ истакна градоначалникот Митко Јанчев.

 

 

„Идејата беше пред пет години со општина Кавадарци и тогаш Фени индустри, сега Еуроникел, да спроведеме еден посебен вид на едукација на децата преку натпреварување. Еве пета година се организира овој квиз и доколку ја имаме поддршката следната година планираме овој квиз да го направиме регионален“ изјави Сашко Данев претседател на еколошкото друштво „Тисовец“.

 

На денешниот натпревар му претходеа натпревари во училиштата каде се бираа најдобрите ученици кои ќе се натпреваруваат.

 

Од Еуроникел индустри сметаат дека преку еко натпревар младите ќе се стекнат со повеќе знаења за чиста животна средина , но и ќе имаат повисока еко свест.

„Нашите намери се и во иднина да ги поддржуваме овие настани. Очекуваме дека со овој квиз ќе се зголеми еколошката свест кај учениците, а во таа насока ќе се створат и навики за натпревар што е позитивна карактеристика на овој настан.“ рече директорот на „Еуроникел“, Герасим Кујунџиев.

 

Првото место на натпреварот го освои екипата од ООУ „Тошо Велков Пепето“.

 

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар