(ВИДЕО) Свечена седница на советот на општина Кавадарци - доделени општинските награди
08-09-2017 РЕГИОН

Со едноминутно молчење Кавадарци синоќа му оддаде почит на своите сограѓани кои во минатото ги положиле животите за денешната слобода. Советот на општината одржа свечена седница на која градоначалникот Александар Панов се осврна на позначајните проекти кои се реализирани во изминатиот период, а говореше и за растежот и развојот на општината.

 

„Изградивме нова градинка затоа што прв приоритет заради преголемата вработеносе Кавадарци кубури со места во градинка. Отпочнавме постпака за експропријација за уше една градинка и се надевам дека ќе го решиме овој горлив проблем. Го решивме водоснабдувањето и благодетите се почувствуваа и оваа лето кога имавме температури над 40 степени, градот имаше вода за пиење. Го отворивме бизнис информативниот центар. Еден запуштен простор претворивме во убаво катче и истото го наменивме за бизнис секторот од Кавадарци. Деновиве ќе ја пресечиме лентата на концертната сала во музичкото училиште кое се надеваме дека ќе прерасне во средно училиште“ рече Панов.

 

 

Велка Гавровска – Лукиќ, медицинска сестра која во моментов работи како главна сестра на клиниката за психијатрија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а во исто време ја извршува и функцијата претседател на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија, Петко Бојков – архитект и Катерина Танева – Ѓорѓиева – естраден уметник, се годинашните добитници на највисокото општинско признание, наградата „7 ми септември“. Наградите им ги врачи градоначалникот Панов. Наградените искажаа голема благодарност за доделеното признание. Во културно уметничкиот дел од свечената седница настап имаа Радица Димова, ученици и професори од музичко балетското училиште „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар