(ВИДЕО) СДСМ го осуди синоќешниот вандалски чин и побара да се најде виновникот за провалата во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
16-04-2019 РЕГИОН

 

„Ниту во минатото, ниту пак денес Социјалдемократски сојуз на Македонија учестувал во било каков вандалски чин. Евидентата слаба поддршка која ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат ја има кај граѓаните на општина Кавадарци ги приморува на овакви очајни потези“ регираат од СДСМ Кавадарци по денешните обвинувања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци околку провалата во партиските простории.

 

 

(интегрален текст)

О.О на СДСМ од Кавадарци најостро го осудува синоќешниот вандалски чин на обивање на штабот на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци.

Ние како СДСМ од Кавадарци ги отфрламе сите обвинувања за наводна наша вмешаност во синоќешниот вандалски чин.

За таа цел ги повикуваме надлежните институции да превземат итни мерки за расчистување на целиот овој случај, и сторителот соодветно да го казнат.

Целокупен интерес на граѓаните е целиот овој случај, што е можно побрзо да биде расчистен, за да излезе на виделина манипулацијата и лагата која О.К ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци овде ја прави.

О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци е познат по лажни пријавувања за наводна наша вмешаност во оштетување на делови од нивните партиски простории и во претходни изборни циклуси.

Ниту во минатото, ниту пак денес Социјалдемократски сојуз на Македонија учестувал во било каков вандалски чин.

Евидентата слаба поддршка која ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат ја има кај граѓаните на општина Кавадарци ги приморува на овакви очајни потези.

Овие ефитини трикови повеќе не поминуваат.



Share

Додади коментар