(ВИДЕО) Тони Делков ја презеде функцијата градоначалник на Неготино
25-10-2017 РЕГИОН

 

Со чинот на примопредавањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Ванчо Апостолов на новоизбраниот градоначалник Тони Делков, од денеска Делков и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино која ќе ја врши во наредниот 4-годишен мандат.

 

По краткиот разговор, досегашниот градоначалник Апостолов на актуелниот Делков му го честиташе изборот за прв човек на општина Неготино посакувајќи му успех во работењето во наредниот период и реализација на проекти од интерес на граѓаните, а се заблагодари и на соработката со администрацијата, Советот и граѓаните во изминатите 4 години.

 

Новиот градоначалник Делков во изјавата истакна  дека му е чест што ја презема градоначалничката функција која за него значи обврска, а не привилегија, додадавајќи дека ќе вложи максимални напори како градоначалник да се реализираат проектите од програмата со која настапи на изборите, Неготино да се движи напред и да се врати стариот сјај на нашиот град. Градоначалникот Делков потенцираше дека секое дадено ветување пред граѓаните на општина Неготино ќе биде реализирано во наредниот 4 годишен период за времетраењето на неговиот мандат.

 



Share

Додади коментар