(ФОТО) Хортикултурно уредување на повеќе локации во Кавадарци
04-04-2018 РЕГИОН

 

Организационата единица паркови и зеленило при ЈП „Комуналец“ работи на хортикултурно уредување на дел од зелените површини во Кавадарци.

 


Во оваа пролетна кампања на разубавување се вклучени три локации: жардинерите пред старата стоковна куќа во центарот, кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во паркот на револуцијата.

 


ЈП „Комуналец“ на овие три локации ќе засади 2 500 корени на темјанушки (љубичици), кои ќе го култивираат и разубават овој дел на градот - информираат од прес службата на општина Кавадарци.



Share

Додади коментар