101 година од Тиквешкото востание
19-06-2014 РЕГИОН

Тиквешани денеска чествуваа во спомен на жртвите од Тиквешкото востание кое на 19 јуни 1913 година се случило на овој простор поради неподносливите тортури од српската власт која тогаш ја окупирала Вардарска Македонија. На споменикот во паркот „Полана“во Кавадарци  се одбележаа 101 година од овој настан.Свежо цвеќе положија делегации од локалната самоуправа, здружението на борците, претсатавници од политичките партии и граѓани.

 

„ На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по име Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Неговото тело било тајно закоано и неговиот гроб сеуште не се знае. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. Тиквешкото востание заедно со масакрот во Ваташа од 1943 година над 12 ваташки младици претставуваат најголемиот злостор врз човештвото од поновата историја на овој крај“ рече директорот на Музеј Галрија Кавадарци, Петре Камчевски.

 

Востанието било задушено, а за седумте дена слобода биле ослободени  педесетина села во областа Тиквеш. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани . Биле запалени повеќе од 1000 куќу најмногу во Кавадари и во Неготино, а над 3000 луѓе ги напуштиле своите домови и емигрирале  во Бугарија.

 

„ Историјата е патоказ и школо,  како да чекориме понтаму и кои пораки да ги извлечиме. Република Македонија  никогаш немала сојузници. Секогаш требало да се потпира  на своите сили. Секоја помош дојдена од било каде значи плаќање на скапа цена. Поуката е јасна,  дека нивата што е пред нас треба самите да ја изораме и посееме, ако дојде помош од било каде е добредојдена. Нација не се гради со помош од страна.  “ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Ангел Данов

Додади коментар