18 лица во Кавадарци, 15 во Неготино и 62 во Велес добиле решение за изолација
01-06-2020 РЕГИОН

Во период31/01.06.2020 год. има 16 нови регистрирани лица со Решениe за изолација,и тоа осум во Велес и осум во Кавадарци, а со Изјава за самоизолација има 16нови лица, од кои, десет во Велес и шест во Неготино.

 

Вкупно со Решение во изолација има 95 лица, од кои 62 во Велес, 18 во Кавадарци и 15 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има 17 лица, од нив 11 се во Велес и шест во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

 

Додади коментар