26-та редовна седница на советот на општина Неготино
07-07-2015 РЕГИОН

Синоќа Советот на општина Неготино ја одржа својата дваесет и шеста редовна седница. На дневниот ред на оваа редовна седница се најдоа 13 точки по кои расправаа советниците. Едногласно со 13 гласови ЗА, советниците го усвоија дневниот ред на оваа дваесет и шеста редовна седница. Со 13 гласови ЗА, советниците ги донесоа првите шест точки кои се однесуваа на предлог-одлуки за утвдување на Детален урбанистички план за урбана заедница 3/1 во Неготино, урбана заедница 9, урбан блок 9/1 индустриска зона во Неготино, утврдување на нацрт-урбанистичка планска документација за комунанална супструктура на м Рудине во Војшанци, одлука за донесување на урбанистичка планска документација во Тремник, Курија, Долни Дисан, Криволак и Калањево.

 

Долга и тешка дискусија се водеше под точката седум која се однесуваше на предлог-програмата за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2015 година. Советниците од советничката група на сдсм за оваа точка се изјаснија дека ќе гласаат против.По долгата и тешка дискусија помеѓу советниците, со 9 гласови За и 4 против беше донесена и оваа точка. Со исто толку гласови и без дискусија беа донесени и точките кои се однесуваа на предлог-програмите за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2015 година и предлог програмата за изменување и дополнување на програмата за локален економски развој за 2015 година. Долга дискусија се водеше и за точката која се однесуваше на предлог-програмата за одобрување на надоместокот за уредување на градежно земјиште на една компанија. советниците од СДСМ исткнаа дека општина Неготино потребно е да дава ист третман на сите компании инвеститори во општина Неготино, а не како досега само на некои компании. Со 13 гласа ЗА беше донесена и оваа точка.

 

Едногласно и без никаква дискусија беа донесени и предлог-решенијата за доделување на едникратна парична помош и финансиски средства. На оваа дваесет и шестта редовна седница се најде и предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2015 година. По оваа точка советникот Васко Стефанов во име на целата советничка група истакна дека ќе гласаат против бидејќи голем делод проектираниот дел на Буџетот не е реализиран и општина неготино претрпува ребаланс. Со 9 гласа ЗА и 4 против беше донесен и ребалансот на Буџетот на општина Неготино, а со тоа и заврши 26 редовна седница на општина Неготино.

Maja Aлексовска



Share

Додади коментар