32 седница на совет на општина Кавадарци: Усвоен ребалансот на буџетот
07-10-2019 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци денеска во рамки на 32 редовна седница едногласно го усвои ребалансот на буџетот. Советниците од СДСМ во своите дискусии се осврнаа на помошта што централната власт со поддршка на проектите ја дава за Кавадарци.

 

„Како координатор на советничката група на СДСМ сум задоволен од се што сме сработиле во овие две години од мандатот. Посебно сум задоволен што централната власт го постави Кавадарци на повисоко ниво и се реализираат повеќе проекти“ рече советникот Лазар Туримнаџов.

 

Следеа препукувања за успешноста на градоначалникот Јанчев и неговото менаџирање со општината. Советниците од СДСМ побараа советниците од ВМРО-ДПМНЕ да се ограделе од линчот кој деновиве одредени функционери од нивната партија го вршеле врз градоначалникот.

 

„Градоначалникот има обврска да соработрува со владата во интерес на сите граѓани. Еве ќе објавам дека владата го подржа со 13 милиони денари и проектот за реконструкција на градскиот стадион. Јас како градоначалник и вие како совет не работиме во партиски интерес,м на прво место ни е општинскиот интерес и интересот на граѓаните, затоа досега реализиравме 95 % од изборната програма“ рече меѓу другото градоначалникот Јанчев и повика на единство.

 

Бидејќи неговата програма е во цеост реализирана, Јанчев најави дека за следните две години граѓаните ќе ги одредуваат приоритетите за градење во општината.

 

Советот денеска едногласно ја усвои и одлуката за распределба на средства со намена превоз на ученици во средните општински училишта и одлуката за изведување на подземни садови за комунален отпад.

 

Со одлука беше утврдена потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од плански опфат.

Едногласно беше поддржан извештајот за годинешната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

 

Советникот Туриманџов забележа дека годинава манифестацијата била организирана на високо ниво, а истото го потенцира и градоначалникот.

 

„Влеговме и во државната програма за поддржка на манифестации. Бенефитот од гроздоберот ќе дојде после неколку години. Маниферстацијата треба да ја осеќа за своја секој кавадрчанец. На официјалните штандови беа продадени за три дена 26.000 литри вино“ информираше Јанчев. Се заблагодари на сите што беа вклучени во организацијата и посочи дека веќе е потребно да се размислува за организирање на манифестацијата за следната година.

 

Едногласно се усвоија измените и дополнувањата на програмата за активностите на општина Кавадарци во областа на спртот.

 

Aнгел Данов

Додади коментар