39 нови болни од грип во Кавадарци
23-01-2020 РЕГИОН

Во Кавадарци минатата недела се регистрирани 39 нови случаи на грип, информира д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје. Досега од почетокот на сезоната на грип во Кавадарци има заболено вкупно 69 лица, додека минатата сезона во овој период имало 105 болни.

 

Епидемиолозите очекуваат ширење на грипот во наредниот период сооглед на стартот на второто полугодие во училиштата.

 

Изминатата недела во земјава се регистрирани повеќе од 1.000 заболени.

„Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип Б, АH1 и АH3, велат од Институтот за јавно здравје и нагласуваат дека тоа што циркулира во Европа го има и кај нас.

Додади коментар