4 години „Креактив“
24-09-2013 РЕГИОН

Младинскиот центар “Креактив” од Кавадарци го прослави 4 годишниот роденден во присуство на голем број млади активисти, волонтери, соработници.


-Центарот им овозможува на младите да се запознаат со неформална едукација, да стекнуваат меѓународни искуства, рече волонтерот Трајанка Мицковска пред присутните.


Координаторот на центарот Александра Ристова нагласи дека во “Креактив” сите имаат вложено многу труд, време и љубов.
На свеченоста присуствуваше и извршниот директор на младинската асоцијација “Креактив” од Скопје, Драган Маркоски.
С.Д.



Share

Додади коментар