40 години од ФА „Васил Хаџиманов“
23-12-2015 КУЛТУРА

Во предновогодишните случувања од областа на културата го бележиме и целовечерниот концерт  на фолклорниот ансамбл „Васил Хаџиманов“ од Кавадарци кој годинава одбележува 40 години постоење. Во чест на големиот етномузиколог и собирач на фолклорното народно творештво Васил Хаџиманов  ова фолклорно друштво се обидува да опстојува и да ги негува песните од тиквешкиот крај кои редовно се наоѓаат на нивниот репертоар.

 

Нивни гости беа синоќа  пеачката група „Ацо Караманов“ од Радовиќ, фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ и солистите Пере Пењушков и Блаже Богев.  Претседателката на друштвото „Васил хаџиманов“ Велика Симоновиќ  изрази благодарност  за одржувањето на овој јубилејен концерт.

 

М.Мукаетова

Додади коментар