43 л/м2 воден талог во Кавадарци
09-03-2015 РЕГИОН

Во изминативе четири дена се зголеми водниот талог во кавадаречко. Според информациите од метеоролошката станица во Кавадарци за четири дена водниот талог е зголемен за 43 л/м2.

Во градот се формира и снежна покривка од 3 см, додека на Кожув има нова снежна покривка од 20-тина см. ВО Михајлово и Рожден наврнаа од 30 до 50 см.

Патиштата во селата од поткожувјето се проодни. Менахнизацијата на „Јами“-службата за зимско одржување на улиците и локалните патишта интервенирала во два наврати. Потрошени се 18 тони ризла и 6 тони сол на патните правци Ресава-Бегниште и во поткожувјето на патот Конопиште-Михајлово и Мрежичко – Рожден.

Од УХМР стигнува прогноза дека во среда и четврток ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег, а во четврток не се очекуваат нови врнежи.

 А.Д



Share

Додади коментар