51-ви Рацинови средби во Велес
07-06-2014 КУЛТУРА

ВЕЛЕС ЌЕ ГО СЛАВИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ ПОЕТ И РЕВОЛУЦИОНЕР КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.. ОД 12-ТИ ДО 14-ТИ ЈУНИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ РАЦИНОВИТЕ СРЕДБИ, ГОДИНАВА ПО 51-ВИ ПАТ.. НАМЕСТО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ, ОВОЈ ПАТ СРЕДБИТЕ ИМААТ НОВ ЛИК.. ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЌЕ ПОЧНЕ ВО ЧЕТВРТОК СО КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА „ЕЗЕРКИ“.. ГОДИНЕШНИТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ЗНАКОТ НА 75 ГОДИШНИНАТА ОД ИЗДАВАЊЕТО НА НАЈПОЗНАТА СТИХОЗБИРКА НА РАЦИН - БЕЛИ МУГРИ..

 

ЦЕНТРАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ГОДИНЕШНИТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 13 ЈУНИ.. НЕЈЗЕ ЌЕ И ПРЕТХОДАТ СЕРИЈА НАСТАНИ КОИ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ.. СНЕЦАРИОТО ЗА ОВИЕ АКТИВНОСТИ ГО ИЗРАБОТИ АКТЕРОТ ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ..

 

ПО ОВА ПОВОРКАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА РАЦИН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ, ЌЕ ПОМИНЕ ПРЕД ЛИКОВНИОТ САЛОН А ПОТОА И ВО ДВОРОТ НА ГИМНАЗИЈАТА.. ЦЕНТРАЛНИОТ НАСТАН ЌЕ СЕ ОДВИВА КАЈ ФОНТАНАТА ВО МЛАДИНСКИОТ ПАРК.. ТАМУ ГОСТИТЕ ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКА ШЕСТАТА МУЗА, ЗОРИЦА ПАНЧИЌ КОЈА ЌЕ ГИ СИМБОЛИЗИРА БЕСМРТНОСТА И БЕСКРАЈНАТА ЉУБОВ..

 

ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА РАЦИНОВИТЕ СРЕДБИ, АКТИВНО СЕ ВКЛУЧЕНИ И ВЕЛЕШКИТЕ ПОЕТИ.. ПРЕД ПУБЛИКАТА ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ.

 

ИНАКУ РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ГОДИНАВА ГО ДОБИ ПАСКАЛ ГИЛЕВСКИ ЗА СВОЈОТ РОМАН ПОСТМРТНА ВЕНЧАВКА.. НАГРАДАТА ЌЕ ЈА ДОБИЕ НА ЦЕНТРАЛНИОТ НАСТАН НА 51-ТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ.. ПОЧЕСНОТО ПРИЗНАНИЕ ПАК МУ И ПРИПАДНА НА ТАЊА СТУПАР ТРИФУНОВА ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА.. 

 Зоран Јаневски 

Додади коментар