71 година од масакрот во Ваташа
16-06-2014 РЕГИОН

Делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, делегации од Сојузот на борци, АРМ и членови на семејствата денеска положија свежо цвеќе на споменикот на ваташаките младинци. Со тоа се одбележаа 71 годиина од масакрот што на денешен ден во 1943 година го изврши бугарскиот фашистички окупатор во Ваташа. Се чествуваше на платото пред споменикот.

За делувањето на младите скоевци од Ваташа и нивниот придонес за денешната слобода  говореше професорот по историја во гиманзијата „Добри Даксалов“, Мики Камчевски. Тој нагласи дека ваките настани од историјата на македонскиот народ нема да бидат избришани од меморијата на луѓето од овој крај и од цела држава.

„Рано наутро на 16 јуни селото Ваташа било опколено од големи воени сили. Околу 9 часот од Ваташа  пристигнал полковникот Љубен Апостолов. Врз основа на пронајдените фотографии од џебот на палтото на Диме Чекоров од последната првомајска прослава бил направен список за апсење. Најнапред се уапсени Павлина Илиева и Стева Ампова, потоа Катерина и брат и Блаже Ицеви, Пане Џунов, Ристо Ѓондев, Герасим Матаков, пане Мешков, Невена Хаџи Јорданова. ВО меѓувреме двајца бугарски полицајци на моторцикал покриен со церада го донеле Диме Чекоровв, целиот искинат и со раскрвавено лице и рани од тепање по телото. За кратко време со примена најгруби мерки и под сила на оружјето во селската меана на Васо Хаџи Јорданов се приведени Ванчо Гурев, Перо Видев, Данко Дафков, Илчо Димов, Пане Мешков, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Герасим Матаков, Ферчо Ѓорѓиев, Пане Џунов, Диме Чекоров, Стева Ампова, Ката Ицева, Павлина Касапинова и Невена Хаџи Јорданова, а тука бил и Васо Хаџи Јорданов. Започнало крничкото иледување пропратено со силни удари од суровици и тупаници. Околу 13 часот по пеколна горештина групата младинци  под силна воена придружба пристигнала во месноста Моклиште. Поручникот Костов се обидел кон младинците да ги припои и девојчињата, но на тоа му се спротивставил заменик полицискиот началник Петко Оперков, укажувајќи му дека тоа го немало во наредбата. Во меѓувреме највозрасниот од младинците Васо Хаџи Јорданов насетувајќи дека нешто страшно ќе се случи со трчање се упатил кон реката и се обидел да се пробие кон капините. По него тргнале Диме Чекоров и Герасим Матаков. Костов веднаш им наредилна војниците да стрелаат, по што настанала страшна пукотница. “ рече Камчевски, нагласувајќи дека овој масакар остана забележан како еден од најголемите злосторства што ги извршија фашистите во текот на Втората светска војна во Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци, Панов, рече дека 71 година се обидуваме да се отчетиме за долгот кој што ни го оставија ваташките младинци и сите жртви  и за се што направија за денешната слобода. Даде завет дека локалната самоуправа макотрпно и посветено ќе работи за подобра иднина на сегашните и идните генерации.

Чествувањето беше надополнето и со културно уметничка програма. Настапија ученици од ваташкото училиште, пеачката група на Здружението на пензионерите и КУД „Васил Хаџи Манов“.

А.Данов



Додади коментар