IN MEMORIAM - Почина доктор Јордан Невчев
01-02-2020 РЕГИОН

Во 72 година почина д-р Јордан Невчев, познат хирург кој долги години работеше во Општа болница Кавадарци.

 

 

Основно и средно образование завршува во Скопје, каде ги завршува и студиите по медицина. За време на школувањето се истакнува по успехот како и по бројни активности во спортот и волонтерски активности во кои секогаш го воделе неговиот ентузијазам, хуманост и несебичност.

 

Во 1974 година се враќа во родното Кавадарци и се посветува на својата докторска професија со целосна љубов и посветеност.

Од 1984 година работи како специјалист по општа хирургија во ЈЗУ Општа болница-Кавадарци се до своето пензионирање, давајќи огромен придонес во работењето и развојот на хирургијата во оваа општина, но и пошироко, стекнувајќи многубројни признанија од својата фела, на конгреси, семинари и симпозиуми.

Активен на општествено-политички план, како младинец (учесник во младинска акција 1967 година), како студент и како доктор.

 

Кавадарчани ќе го паметат како човек кој успешно го водеше Црвениот крст и во најкритичните години по распаѓањето на СФРЈ, како претседател на стрелачкиот клуб, претседател на ловечкото друштво, советник на Општина Кавадарци.

 

Беше добитник на 7-мо септемвриска награда.

Беше вљубеник во уметноста, аматерски сликајќи многу слики.

Имаше самостојна изложба во Кавадарци.



Share

Додади коментар