Kавдарачанец крадел телевизори и ги продавал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата С.Н. (1981) , К.М. (1989) и Л.С. (1971) сите од Кавадарци, поради основи на сомнение дека првопријавениот сторил пет кривични дела „тешка кражба“ , додека второ и третопријавениот сториле  едно кривично дело „прикривање“ .

          Првопријавениот во периодот Ноември 2014 година до Февруари 2015 година во пет наврата од угостителски објекти во Кавадарци одзимал техничка стока (телевизори- ЛЕД, ЛЦД и плазма) и потоа за одредена сума ги продавал на разни лица. Делата најчесто ги вршел со кршење на стакло, влегување преку прозор, користење погоден алат  и други начини. При превземените оперативно тактички мерки и активности, пронајдени се три телевизора и од лицата на кои првопријавениот им ги продал со Потврда за одземени предмети се одземени и вратени на оштетените.

 

Со наведените тешки кражби првопријавениот нанел материјална штета од околу 85 000 денари. Второ и третопријавеното лице негираат дека купиле телевизори од првопријавениот. Случајот за ктв го потврдува потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

М.Младенова

Додади коментар