Oд петок позначително дестабилизирање на времето - ќе има услови и за град

Денеска  во целата земја ќе се задржи стабилно и топло време, а утре  попладне во планиските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

 

 Од петок попладне ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок и в сабота.

 

УХМР Македонија

Додади коментар