Oд полноќ поскапуваат нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесесе одлука од ноќеска на полноќ горивата да се продаваат по повиоска цена за 1,5 денар.

Согласно новите цени, еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 78 денари, цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари. И цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, па ќе чини 70 денари.

Малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар и ќе чини 59 денари.  Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за  1,289 денари за килограм и ќе изнесува  41,092 денари за килограм

Додади коментар