Oд денеска земјоделците можат да пријавуваат штети од пролетниот мраз
26-04-2017 РЕГИОН

 

Од денеска (26.04)  започна постапката за поднесување барања од страна на земјоделците кои претрпеа штети на земјоделските култури од ниските и некарактеристични тепмератури за овој период од годината.

 

Одлучено е за подрачјето на општина Неготино постапката да се води преку Подрачната единица на Министерството за земјоделие, а имајќи предвид дека ние сме земјоделски крај, во активностите ќе се вклучат и претставници од општина Неготино. За таа цел формирани се 8 теренски комисии за проценка на штетите од измрзнувањето, а рокот за поднесување на барањата е 15 работни денови и ќе трае заклучно со 10-ти мај, оваа година.

 

Земјоделците кои сметаат дека неповолниот климатски настан кој се случи на 21 и 22 април им има нанесено штети до ПЕ на МЗШВ треба да достават: -барање -доказ за сопственост или користење земјоделско земјиште или земјоделски имот за кој се пријавува штетата -копија од имотен лист или копија за договор за закуп, договор за послуга, договор за плодоуживање и слично -фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска сметка



Share

Додади коментар