Бројни активности за комунална изградба во Кавадарци
05-07-2018 РЕГИОН

 

Градежната сезона во општина Кавадарци во комуналната изградба е во полн ек. Градежните работи се одвиваат на потегот од спојот со улицата „Партизанска“ кај „Кулата“ па до спојот со улицата „Блажо Алексов“.

 

Проектот опфаќа расчистување,тампонирање и поставување на павер елементи со што се оформува тротоар.

 

Вкупната површина на тротоарот која ќе биде полпочена изнесува 460м2, а општината за оваа намена ќе инвестира 528.822,80 денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет програма за комунална изградба.

 

Од општинската прес служба информираат дека заврши поплочувањето на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа.

Станува збор за проект на општината Кавадарци, реализиран на барање на жителите од овој дел, со кој се полочиа дополнителни 200м2 од оваа улица.

 

Општината за оваа намена издвои 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

 

Исто така, Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“.

Се финишираат работите со поставување на асфалт на површина од 605 метри квадратни.

 

Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината потроши 1.155.000 денари, од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.

 

 

Општината Кавадарци го реализираше комуналниот проект за изградба на улица во селото Марена. Се асфалтираше новата улица и ја спои со локалниот пат кон село Сопот. Претходно беа изведени земјените работи, по што следеше тампонирање на вкупна површина од 525м2 од новата улицва.

 

Се работи за урбанизирање на земјена улица лоцирана на излезот од село Марена веднаш до локалниот асфалтен пат за селото Сопот.

Со раелизацијата на оваа улица повеќето куќи кои гравитираат во овој дел од Марена повеќе нема да се движат по пепел и кал кон своите домови.

 

 

Се реализираше и проектот на општината на делот од тротоарот на улицата „Маршал Тито“ во селото Сопот. Со овој зафат се изгради тротоар со површина од 270м2. Опфатен е крајниот дел од улицата која води кон фудбалското игралиште. На должина од стотина метри се изведуваа земјените работи се поставиа рабници и павер елемнти.

 

За оваа намена општината инвестира 416.658 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунална изградба од буџетото на општината.

По реализацијата на проектот жителите на селото Сопот кој гравитираа кон овој дел добиа урбанизиран простор за непречено и побезбедно движење

 



Share

Додади коментар