Винскиот туризам во вардарскиот регион ќе се развива со користење на француски искуства
23-04-2015 РЕГИОН

Во Велес денеска се одржа  билатералната средба на која  присуствуваа амбасадорката на Франција Оер, претставници на министерствата и општините од Вардарскиот регион, гости од регионот Алзас, претставници на здруженијата, асоцијациите, винарските визби и производители на вино.

Винскиот туризам во вардарскиот регион ќе се развива со користење на француски искуства.. Претставници од регионот Алзас споделуваат искуства со македонските производители на вино во привлекувањето туристи. Ги советуваат како да се добие поквалитетен производ и на кој начин да се пласира.

Од министерството за локална самоуправа велат дека проектот за развој на винскиот туризам со употреба на француски искуства, помага варадарскиот регион да се смести на мапата од познати туристички дестинации.

Од центарот за развој очекуваат дека соработката со француските винопроизводители ќе помогне во развојот на алтернативниот туризам во вардарскиот регион..

Македонија и францускиот регион алзас имаат многу заеднички нешта па затоа и оваа посета ќе овозможи соработка на уште повисоко ниво. Таа ќе придонесе во зајакнување на економските и културните врски меѓу двата народа..

Соработката меѓу регионот Алзас и Македонија ја поддржува и амбасадата на Франција во земјава. Винопроизводителите ќе ги пренесат искуствата за развој на оваа гранка вели амбасадорката Лоранс Оер.

Средбата меѓу винопризводители од вардарскиот и регионот алзас ја организира центарот за развој.. Тема на денешната билатерална средба е винските патишта на двата региона.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар