Висока концентрација на ПМ10 во Кавадарци
28-10-2020 РЕГИОН

Според податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, за вчерашниот ден е регистрирано надминување на дозволените вредности за ПМ10 во Кавадарци. Измерени се 110.58 микрограми на метар кубен.

 

 

Денеска претпладне концентрацијата на ПМ10 е повторно високо над дозволените 50 мг/м3 и изнесува 174мг/м3.

Податоците за среднодневните концентрации на СУЛФУР ДИОКСИД се во рамките на граничната вредност на сите мерни места во државата.

Податоците за часовните концентрации на АЗОТ ДИОКСИД се во рамките на граничната вредност на сите мерни места во државата.

Максималната дневна осумчасовна средна концентрација на ЈАГЛЕРОД МОНОКСИД е во рамките на граничната вредност на сите мерни места во државата.

Максималната дневна осумчасовна средна концентрација на ОЗОН е во рамките на граничната вредност на сите мерни места во државата.

 

 



Share

Додади коментар