Градинката „Детелинка“ нема да работи до 10 август поради градежни работи
28-07-2015 РЕГИОН

Јавната установа за деца -детска градинка „Рада Поцева“ Кавадарци ги известува родителите чии деца се згрижени во објектот „Детелинка“ (монополската) дека поради изведување на градежни работи, објектот нема да работи до завршување на истите.

 

„Родителите кои имаат потреба од нашите услуги, своите деца можат да ги носат во објект „Гроздоберче“ (централана) за да може децата да бидат згрижени додека тие се на работа. Објектот „Детелинка“ (монополска) ќе започне со работа на 10.08.2015 година. Се надеваме дека ќе наидиме на разбирање“ се вели во известувањето од градинката.



Share

Додади коментар