Десет годишник каснат од шарпланинец во Неготино
03-01-2018 РЕГИОН

 

Шетањето на домашни миленици без заштитна корпа може да биде опасно за што говори и последниот настан во Неготино. Имено, како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, вчера шарпланинец каснал десетгодишно дете.

 

Настанот се случил кај местото викано „Антена”.

Додека група деца си играле, кај нив поминало лицето И.Т.(18) шетајќи го неговото куче од раса шарпланинец врзано со ланец, но без заштитна корпа.

 

„ Кога кучето дошло до десетгодишникот, скокнало и го каснало за левата рака, при што, му нанело видлива телесна повреда, рече Додевски.

 

На повреденото дете му била укажана лекарска помош во најблиската медицинска установа, а настанот бил документиран од овластени службени лица од Полициска станица од општа надлежност Неготино.

А.Д



Share

Додади коментар