Десет нови случаи на корона вирус во Тиквешијата
02-08-2020 РЕГИОН

Осум нови позитивни во Кавадарци и двајца во Неготино се дијагностирани денеска, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци. Инфицираните се од различни возрасни групи, од 17 до 63 години.

 

„Сите нови позитивни се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Дел се контакти на веќе позитивни, а дел не знаеле како се инфицирале“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Тој уште еднаш упатува апел за почитување на мерките за заштита, како би се намалил  бројот на нови позитивни.

 

А.Д



Share

Додади коментар