Донација од Comodita Home за државна кардиохирургија

Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија!

Со оваа акција ја продолжуваме хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“!

 

Со донацијата на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија , Comodita Home ја продолжува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци ,а донацијата е во вредност од над 100 000 евра!

 

Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година а во месец октомври официјално веќе се отвори и 20-от продажен центар, во новиот East Gate mall.

 

На хуманитарната средба во ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, се обрати Харитон Гаџоски од Comodita Home.

 

-         „Ние денес продолжуваме со хуманата акција и донацијата ја спроведуваме на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Прво ќе наведам дека сум свесен дека кардиоваскуларните заболувања се помеѓу водечките причини за смртност во светски рамки, а кај нас во Македонија се причина број еден. Најчесто причина е стресот и животен стил кој не му дозволува на поединецот да се смири, релаксира и да го забави темпото. Токму затоа е потребен и квалитетен одмор, добар сон, а ние од Comodita Home располагаме и со квалитет, но и огромна желба да помогнеме и да делуваме општествено одговорно“.

 

Посебна гордост на  брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Comodita Home располага со душеци ,тестирани и сертифицирани од виско-стручни лабаратории.

 

Лицата со здравствени проблеми , возрасните граѓани , дечињата од социјално загрозените категории но и сите останати заслужуваат убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен“, Comodita Home помага секаде каде што е потребна наша помош.

 

-        „Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајотна годинава. По донацијата на Детска Клиника Козле, акцијата на  Comodita Home продолжи и во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Градска Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски а наша последна реализирана донација на 16. ноември 2021, е на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Нема да застанеме тука, во план ни се донации на над 1500 душеци и во Ковид центри низ МК, СОС детско село, Црвен Крст на Република Северна Македонија, а целокупната финансиска вредност на нашата донација е над 100 000 евра. Со овој наш потег им помагаме на нашите сограѓани а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности. “ – порача Харитон Гаџоски од Comodita Home.

 

ПР 



Share

Додади коментар