Донација од Дрекслмаер за неготинската противпожарна единица
15-09-2017 РЕГИОН

 

Неготинската територијална противпожарна единица доби современа опрема која ќе придонесе за нејзино поефикасно функционирање. Донацијата е од компанијата Дрекслмајер, а се работи за хидраулична ножица - алатка која е од големо значење за противпожарна станица во Неготино.

 

„Со опремата што ја донираше Дрекслмајер нашиот противпожарен тим ќе може побрзо и поефикасно да реагира. Посакуваме што помала потреба од наша интервенција, но во итни случаи, пресудна е комбинацијата од добра опрема и искусни пожарникари. Се надевам дека соработката со компанијата Дрекслмајер ќе продолжи и во иднина“, изјави Илија Илиев, Командир на територијална противпожарна единица Неготино.

 

„Во рамки на програмата за општествена одговорност Дрекслмајер активно го поддржува регионот со многубројни активности од разновиден карактер. Донирањето на опрема на Противпожарната единица во Неготино е дел од низата на проекти кои ги поддржуваме, покрај оние од областа на образованието, културата и спортот“, рече Лукас Мирингер, директор на Дрекслмајер Македонија.



Share

Додади коментар