Дрекслмаер донираше играчки за градинката во Росоман
01-09-2015 РЕГИОН

Денеска компанијата Дрекслмаер од Кавадарци го исполни своето ветување.Септември во детската градинка Праскичка во Росоман почна со нови играчки. Ветено- сторено велат двете задоволни страни.

 

Од едната донаторот, а од другата градоначалникот и Локалната Самоуправа. Неизмерно радосни луѓето од Дрекслмаер ги пречекаа дечињата. Секое од нив денеска доби по пет најразлични играчки со чија што помош при слободните активности преку игра ќе се развива способноста за кративност. Оваа донација беше најавена пред неполна недела, а на неа веќе се радуваат најмладите од Праскичка во Росоман.

 

Со бројка од околу 90 дечиња продолжува работата на градинката која годинава воопшто и не паузираше. Програмски само септември се карактеризира за почеток на нови предучилишни образовни навики и успеси.Задоволни од потегот на оваа компанија се и локалните власти и градинката.Нивната донација ја поздрави градоначалникот Стојанче Лазов потенцирајќи уште еднаш дека за неколку дена ќе биде финиширана и заедничката одлука со Дрекслмаер за воведување посебна линија за вработените од Манастирец и Сирково.

Милица Младенова



Share

Додади коментар