За ИПАРД прогрмата може да се аплицира до крај на септември

До крајот на септември Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжи рокот за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД прогрмата 2007-2013.

Како што објаснуваат од Агенцијата, продолжувањето на рокот е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД 2007-2013, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата, и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

 



Share

Додади коментар