Завршен концерт на учениците од музичко по флејта
09-06-2015 КУЛТУРА

Годишниот концерт претставува можност да се покаже на јавен  настап сето  знаење стекнато во текот на целата учебна година . Деновиве таква можност имаа учениците по флејта во класата на професорката Силвана Чулева Атанасова  од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“.Станува збор за  учениците : Јосипа Василевска,Ивона Ристова, Мартина Мишова, Јована Стефанова, Тамара Стојанова, Роза Добринова, Викторија Ристевска, Миа Мартина Маџункова, Менче Стојановска, Александар Серафимов, Цветанка Ристова, и Добринка Ристова. Нивни гости на концертот беа : Јелица Лазарова, Верица Ристова и Даниела Јованова   ученици од класата по пијано на професорките Весна Павлова, и Јелица Лазарова.

            -Отсуството на концертна сала не значи дека учениците не треба да настапат на заеднички концерт. Сакајќи да го испочитувам  трудот на секој ученик во добра соработка со Домот на културата „Иван Мазов Климе“ го реализиравме овој завршен концерт од кој сум многу задоволна, вели професорката Силвана Чулева Атанасова. Таа потенцира дека самото планирање на самостоен годишен концерт на учениците им дава дополнителна мотивација и голем предизвик  бидејќи и тие учествуваат во одбирањето на делата кои ќе ги свират. За некои од учениците со завршниот концерт не завршуваат активностите . Двајца од нив Александар Серафимов и Миа Мартина Маџункова се подготвуваат за меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид додека Миа  Мартина Маџункова во понеделник 15. Јуни во Кавадарци ќе го одржи својот прв самостоен  концерт иако во музичкото училиште е на самиот почеток на нејзиното музичко образование, вели нејзината професорка Силвана Чулева Атанасова  а досега успеа да се да се појави на повеќе натпревари и да се здобие со високи признанија .

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар