Загина алпинист при искачување на карпите на демиркаписката клисура

 

Вчера  околу 12.00 часот во ПС Неготино пријавено е дека,приискачување на карпите на демиркаписката клисура еден од алпинистите паднал и се здобил со тешки телесни повреди и бил во бессознаие.

 

Екипи од ПС ОН  Неготино и Итна медицинска помош од Неготино веднаш излегле на место на настанот, при што, е утврдено дека повреденото лице С.П.(71) од Дечин – Р.Чешка веќе е починато како последица на пад при искачување на карпата на висина од околу 20 метри.

 

Причина за падот е сопствена грешка.

По наредба на јавниот обвинител телото е однесено во Институтот за судска медицина во Скопје заради вршење на обдукција.

 



Share

Додади коментар