Загина работник во „Фени“

Педесет и девет годишниот Д.П од Росоман синоќа загинал во кругот на „Фени индустри“. Него го прегазила товарна машина  која се движела на назад, додека тој и приоѓал од задната страна.Машината ја управувал 42 годишниот М.Д од Кавадарци. Несреќата се случила околу 23 часот.

 

На местото на несреќниот настан увид извршиле инспектори за труд и заштита при работа, полисиска екипа и јавен обвинител. По наредба телото на починатиот е предадено на семејството./A.Д



Share

Додади коментар