Започна Тиквешки гроздобер 2019
06-09-2019 РЕГИОН

Штандот на Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци е местото каде официјално започна годинашниот „Тиквешки гроздобер“ 2019 година.


Преку презентација на производи од грозје произведено на лозовите насади на училиштето, идните млади земјоделци, лозари, винари, агрономи се претставуваат пред посетителите на годинашниот гроздобер.


Во деновите на гроздоберските свечености посетителите на овој штанд ќе имаат можност да дегустираат вино, ракија и производи од грозје произведени од самите ученици.


Иднината на кавадаречкото лозарство се претставува пред јавноста како вовед во деновите на гроздоберот.

 



Share

Додади коментар