Започнува неделата за борба против туберкулозата
24-09-2013 РЕГИОН

ОО на Црвениот крст Кавадарци, доследно ја одбележува неделата за борба против туберколозата и оваа година под мотото“И ТИ МОЖЕШ ДА ЈА ЗАПРЕШ ТУБЕРКОЛОЗАТА – ПРИДРУЖИ НИ СЕ! “Членовите – волонтери од кавадаречкиот Црвен Крст  изминатава недела имаа низа активности  со цел подигање на свеста на населението за значењето на туберколозата како заразно заболување и можноста за  сузбивање на истото.

Се реализираа низа едукативни работилници директно во домовите на социално нај загрозените лица и лицата од ромската националност. Исто така беа посетени и советувани жителите од руралните области, беа спроведени едукативни предавања во училиштето во Росоман и во сите останати подрачни училишта во Тиквешијата.Волонтерите не Црвен Крст за КТВ велат беа поделени брошури, флаери и скромни хигиено-витамиснки пакети на сите посетени и присутни лица.

Целта на работилниците и предавањата е едуцирање на населението, како навремено да ја препознае туберколозата и правилно и соодветно да се заштити себе си и останатите од ширење на оваа заразно заболување, ни рече доктор Ѓорѓи Митрев.Инаку податоците на светската здравствена организација велат дека секоја година во светот се регистрираат нови 8,8 милиони случаи заболени од туберкулоза.Во Македонија секоја година има од 670 до 700 нови случаи на туберкулоза.

Целта на кампањата која започнува од денеска е да потенцира дека туберкулозата може навреме да се излекува доколку навреме примениме превенција и водиме  поголема грижа за нашето здравје . И ти можеш да ја запреш туберкулозата-придружи ни се е мотото од кое црвениот крст годинава очекува поголеми резултати.

 Милица Младенова



Share

Додади коментар